Флик покажа кој е газда во Баерн Минхен, неговиот бес го почуствува скапо платена ѕвезда!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Баерн Минхен вчера го добија дербито во 13. коло од Бундеслигата со 2-1 против Баер Леверкузен.

Интересна ситуација се случи на мечот, а во главна улога беа тренерот на Баерн, Ханси Флик и фудбалерот Лирој Сане.

Во 32. минута се повреди Коман, па наместо него во екипа влезе Сане, кој е скапо платено засилување на Баварците.

Меѓутоа, Сане на теренот беше до 68. минута, кога Флик реши да го замени и на теренот да испрати друг фудбалер.

Сане беше непријатно изненаден од одлуката на искусниот тренер, но сепак мораше да го почитува неговото барање, па остана до крајот на мечот и незаинтересирано гледаше што се случува.