Флик се договори: Ќе ја води Германија во квалификациите против Македонија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ханси Флик ќе го предводи Баерн Минхен до крајот на сезоната, а од лето ќе биде нов селектор на Германија, барем така пишуваат германските медиуми.

Флик наводно се договорил со Германскиот фудбалски сојуз и следната недела официјално ќе биде промовиран како нов селектор на поранешниот светски шампион.

Пред две недели Флик ја потврди намерата да го напушти клубот од Минхен, а Баерн реагираше и му најде замена. На кормилото на Баерн од следната сезона ќе седи доскорешниот тренер на Лајпциг, Јулијан Нагелсман.

Германскиот фудбалски сојуз планира да го промовира Флик по натпреварот против Борусија Менхенгладбах, кој се игра на 8 мај. Исто така, Флик ги избрал помошниците и тоа се Мирослав Клоса и Дени Рохл.

Флик ќе ја преземе репрезентацијата по ЕП, кое ќе биде последен предизвик на Лев на клупата на репрезентацијата.