ФОТО: Лаутаро Мартинез со фотографијата од одмор го откри новиот клуб?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Лаутаро Мартинез оваа сезона игра навистина добро во Интер во тандем со Ромелу Лукаку, а доказ за тоа се 13 гола што Аргентинецот ги има на својата сметка досега, сметајќи ги сите натпреварувања.

Напаѓачот на Интер отпатува во својата родна земја за да ги прослави Божиќните и новогодишните празници со семејството.

Медиумите на „чизмата“ најмногу го поврзуваат со Барселона, но и со Манчестер Сити. Има една интересна клаузула во неговиот договор што Интер воопшто не ја сака.

Имено, во првите две недели од јули секој што ќе плати 111 милиони евра за услугите на репрезентативецот на Аргентина, може да го купи без да преговара со Интер.

Она што нема да го сакаат фановите на Нероазурите е сликата од неговата татковина, каде Леутаро позира во друштво на родениот брат облечен во дрес на Манчестер Сити.

Оваа фотографија, секако, ја разгоре фантазијата на приврзаниците на граѓаните, но исто така предизвика сомнеж кај приврзаниците на Интер, кои се плашат дека може да останат без напаѓач.