Фотографиите од Салах многу ги загрижија навивачите на Ливерпул


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Мохамед Салах отпатува на припреми за репрезентацијата во Египет за претстојните квалификациски натпревари од Африканскиот куп против Кенија и Коморски Острови.

Сепак, вчера пристигна информација дека играчот на Ливерпул нема да заигра на двата натпревари поради повредата на зглобот.

Салах настапуваше во неделата на дербито против Манчестер Сити и од игра беше изваден во 87. Минута, а по завршетокот на натпреварот теренот го напушти со кеса лед на својата нога.

Египѓанецот на почетокот на изминатиот месец се здоби со истата повреда на натпреварот против Лестер поради што го пропушти дербито на Олд Трафорд против Манчестер Јунајтед.

После тоа тој се врати и одигра уште неколку натпревари, но сега тој повторно ја обнови повредата.

Тоа што најмногу ги загрижува навивачите на Ливерпул е фотографијата од Салах од тренингот со репрезентацијата на Египед каде што се гледа дека има заштитна чизма на својата нога па тие сега стравуваат дека играчот на Редсите може да пропушти некои од натпреварите кои следуваат по обврските во репрезентацијата.