Франција беше пресилна за македонските ракометарки на стартот на ЕП


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонија го почна Европското првенство (ЕП) за жени со пораз од 14-24 против Франција, но уште ништо не е загубено затоа што македонските ракометарки ќе играат уште два меча, и тоа против Романија и Холандија.

Првото полувреме не беше многу ефикасно до 15 минута, кога беа постигнати само пет голови (5-0 водеше Франција, по што Македонија го постигна првиот погодок преку Јована Кипријановска.

Голманката на Франција почна да брани одлично во продолжение од средбата, иако и Мицевска на нашиот гол имаше неколку добри интервенции, по што Французинките на полувреме заминаа со 12-5.

Во второто полувреме Франција продолжи да ја зголемува предноста, која достигна +10, а така остана и до крајот (24-14).

Најдобри во македонскиот состав беа Јаневска со четири гола, како и Саздовска и Ристовска со по три.