Французите го повикаа Ѓоковиќ на Ролан Гарос: Голем шампион!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тенискиот сојуз на Франција соопшти дека невакцинираните тенисери без проблеми ќе може да учествуваат на Ролан Гарос.

Ако во Австралија имаше проблеми со вакцината, такво нешто не би требало да има во Франција. Претседателот на федерацијата, Жил Моертон кажа дека веќе се подготвуваат за да избегнат слични проблеми.

„Нашите тимови соработуваат со властите кои во брзо време ќе донесат правила за влезот на невакцинираните тенисери во нашата земја“, кажа тој.

Првиот човек на тенискиот сојуз на Франција кратко ја коментираше и ситуацијата на Ѓоковиќ во Австралија.

„Новак е голем шампион и можеме да го замислиме неговото разочарување што не може да ја брани титулата во Австралија“, кажа Моертон.