„Франс Фудбал“: Реал Мадрид испрати астрономска понуда за ѕвезда на ПСЖ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид не се откажува од своите најголемите желби, па летово би можеле да го создадат најдобриот напад во Европа.

„Франс Фудбал“ пишува дека „кралевите“ ќе се обидат да ги отворат преговорите за Килијан Мбапе, откако испратиле понуда од 280 милиони евра.

Ова сигурно нема да биде доволно, зашто според некои информации ПСЖ би можел за 300 милиони евра да го продаде Нејмар, но не и Мбапе.

Сепак, останува да се види што ќе се случи наредното лето, посебно ако Мбапе посака да си замине.

Како што е познато од претходно, исто така се очекува да пристигне Еден Азар од Челси, па така Реал Мадрид би имал моќно трио во нападот со Азар-Бензема-Мбапе.