Фудбал ќе се игра во Израел и покрај војната во Газа!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалското првенство запре на 7 октомври по почетокот на воениот конфликт меѓу Израел и Палестина, но денеска беше донесена одлука да продолжат натпреварите.

Најпрво ќе играат второлигашите на 17 ноември, а на 25 ноември ќе продолжат дуелите од Првата лига.

Претседателот на Израелската фудбалска федерација, Ерес Калфон ја соопшти најновата одлука.

„Во овие тешки денови, сè уште жалиме за жртвите и се молиме за враќање на киднапираните. Почетокот на фудбалските активности значи симболичен и важен чекор кон обнова на економијата и испраќа порака до светот“, кажа Калфон.