Фудбалер на Баерн ја има најурнебесната прослава на трофеј! (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Баерн Минхен по вторпат во својата историја освои тројна круна. И во 2020 и во 2013 година баварската доминација дојде до израз.

По финалето во Лигата на шампиони каде што беше совладан ПСЖ со 1-0, почнаа да се доделуваат медалите и пехарите.

Иако на трибините немаше публика, сепак фудбалерите на Баерн покажаа дека знаат како да го прослават моментот за кој сонуваат.

Нешто најлудо досега направи дефанзивецот Лукас Ернандез. Францускиот стопер го стави пехарот на глава и така го славеше успехот.

Фотографијата која долго ќе ја памети, ја направи Хави Мартинез, но и овој момент не им избега на фоторепортерите на стадионот.