Фудбалер на Барселона не сака да игра за Ливерпул

Фудбалерот на Барселона, Кристијан Тељо ја одби можноста да игра во англиската Премиер лига.

Фудбалерот на каталонците кој беше пратен на позајмица во Фиорентина добил понуди од Ливерпул и Саутемптон, но тие биле одбиени, соопшти Кориере дело Спорт.

Според информациите во Италија, желбата на самиот фудбалер е да ја продолжи кариерата во Фиорентина.

Тељо дебитираше за првиот тим на Барселона во 2011-та година. Од тогаш 24-годишниот фудбалер постигна 20 погодоци на 86 натпревари.