Фудбалер на Ливерпул откри дека името го добил по легендарен кошаркар од Балканот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерот на Ливерпул, Дивок Ориги додека трае паузата одвои време да одговара на разни прашања кои фановите му ги поставуваа преку социјалните мрежи.

Ориги меѓу другото беше запрашан како го добил своето име, на што офанзивецот на „црвените“ одговори дека името го добил по легендата на југословенската кошарка, Владе Дивац.

„Знам некои луѓе кои веќе го сторија тоа. Моето име е изведено од името на Владе Дивац. Моите родители го гледале како игра и одлучиле неговото име малку да го изменат и да ме наречат така“ –одговори Ориги.