Фудбалер на Милан мора да му плати 16,5 милиони евра на поранешниот клуб


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на Милан, Рафаел Леао мора да му плати 16,5 милиони евра на својот поранешен клуб Спортинг.

Леао како фудбалер на Спортинг се сметаше до 2018 година, по што се пресели во Лил, а претходно тој самиот го раскинал договорот.

Напаѓачот беше жртва на незадоволните навивачи на Спортинг, по што реши да го напушти клубот, а поради таквото однесување португалскиот тим се жалеше.

Иако ФИФА најпрво ја отфрли жалбата, сепак Спортинг не се откажа, па го доби случајот преку Судот во Лозана, па сега младиот напаѓач ќе мора да плати 16,5 милиони евра.

Да потсетиме, Леао стигна во Милан минатото лето за 25 милиони евра, а засега не му оди најдобро затоа што има само два гола во 22 меча.