Фудбалер на Реал одби понуда од Ливерпул зашто сака да игра за Милан


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанскиот репрезентативец и фудбалер на Реал Мадрид, Марко Асенсио постигнал договор со Милан, откако претходно одбил понуда од Ливерпул.

Асенсио има договор со Реал до следната сезона, а шпанските медиуми пишуваат дека Милан треба да се договори со гигантот за трансфер вреден 30 милиони евра.

Шпански „Спорт“ објави дека Асенсио имал понуда и од Ливерпул, која била финансиски побогата, но сепак решил да ја продолжи кариерата во италијанскиот шампион.

Асенсио за Реал одигра 235 меча во кариерата, при што постигна 49 голови и 24 асистенции, а во шпанскиот првак стигна од Мајорка во 2014 година