Фудбалер на Рома доби срцев удар, клубот веднаш објави соопштение


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Натпреварот меѓу Удинезе и Рома беше прекинат во 71. минута, кога Ендика колабираше на теренот, по што медиумите објавија дека доживеал срцев удар.

Судијата реагираше по падот на играчот и го прекина мечот, додека медицинска екипа интервенираше и го изнесе фудбалерот од теренот.

Рома се јави со соопштение откако фудбалерот заврши во болница каде ќе му бидат извршени дополнителни медицински тестови.

„Ендике е свесен, се наоѓа на дополнителни прегледи. Напред Еван, сите сме со тебе“, објави Рома.