Фудбалерите на Германија мораат да бидат поконкретни


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Селекторот на фудбалската репрезентација на Германија, Јоаким Лев, изјави дека неговите фудбалери мораат да бидат понкоретнки во продолжението од Европското првенство.

Лев додаде и дека му е тешко во овој момент да размислува за потенцијалните противници во осминафиналето.

“Крериравме многу добри прилики, но не ги искористивме. Нашиот противник немаше ниту една шанса за гол, мораме да бидеме повеќе фокусирани пред голот. Игравме добро, но мораме да бидеме поубедливи”– изјави Лев.

Фудбалерите на Германија во последното коло од групната фаза на ЕП ја совладаа Северна Ирска со 1:0.