Фудбалерите на Перу го влечеа Нејмар за меѓуножје: Што да направам повеќе!? 🎥


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Иако постигна гол и имаше асистенција, сепак бразилскиот репрезентативец Нејмар беше бесен по победата на Бразил од 2-0 против Перу.

Причина за тоа беа критиките на навивачите и коментаторот кои од непознати причини не штедеа зборови на сметка на Нејмар.

„Не знам што повеќе да направам во оваа маичка за да го почитуваат Нејмар. Ова не е нормално, се случува долго време, од коментатори, репортери, навивачи…“, кажа напаѓачот на ПСЖ.

Исто така, Нејмар имаше проблем со фудбалерите на Перу, кои често го влечеа за меѓуножјето.