Фудбалерот на Јунајтед е преголем залак за „Нероаѕурите“: Подготвен е и планот Б…?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Агентите се обидоа да постигнат договор, но изгледа дека од тоа нема да има ништо.

Интер во следната сезона ќе влезе со значително изменет состав кој од клупата би можел да го предводи и нов тренер.

Според натписите на Газета дело Спорт, агентите на Алексис Санчез се состанале со челниците на „Нероаѕурите“ на кои им ги понудиле услугите на својот клиент.

Чилеанецот е незадоволен во Манчестер Јунајтед, неговото заминување е сосема извесно бидејќи тој претставува товар за буџетот на „Црвените ѓаволи“.

И токму неговите барања се и најголем проблем на Интер кој се насочи кон други, поевтини варијанти.

Една од нив е и Един Џеко кој би чинел околу 20 милиони евра бидејќи договорот со Рома му истекува следното лето.

Секако, под услов Мауро Икарди да го напушти клубот.