Фудбалот е најглупата игра во светот


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Фудбалерите на Хрватска вчера беа поразени од Португалија со 1:0 и така беа елиминирани од Европското првенство во Франција.
Посебно револтиран после натпреварот беше фудбалерот на Барселона, Иван Ракитиќ.

“Ниту самите не знаат како постигнуваат голови! Да ги прашате сега како го постигнаа голот не ви знаеле! За фудбалот се смета дека е најдобрата игра во светот, но понекогаш е најглупата работа на светот”.

“Така беше вечерва, бидејќи невозможно е подобриот тим да оди дома, а полошиот да помине. Каде е правдата, зошто секогаш нас не заобиколува!?! Игравме добро во текот на целиот турнир, не можам да поверувам дека одиме дома”– изјави Ракитиќ.

Португалија во четвртфиналето ќе игра против Полска.