Гачевски: Да не дозволиме Вардар да пропадне! (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најтрофејниот македонски клуб Вардар минува низ тешки времиња поради лошата финансиска ситуација, но целта на „црвено-црните“ е да се вратат во Првата лига.

Во пресрет на вториот дел од сезоната, голманот на Вардар, Филип Гачевски ги повика навивачите да им дадат поддршка.

„Во сабота играме за Вардар, вашата поддршка во овој момент е најпотребна. Не смееме да дозволиме клубот да пропадне. Кога е најтешко, да покажеме дека сме најсилни“, кажа Гачевски.