Гачевски: Сè што ветивме – остваривме, идната сезона ќе ја нападнеме титулата


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар славеше со 2-0 против Детонит Плачковица во баражот за опстанок во Првата лига.

По натпреварот голманот Филип Гачевски не го криеше задоволството од триумфот и најави дека следната сезона ќе се борат за титулата.

„Браво за сите кои се дел од тимот, целта е остварена. Секоја чест и за навивачите. Сè што ветивме – остваривме, следната сезона одиме по титулата. Да живее Вардар и Македонија“, напиша Гачевски.