Галијани стигна во Загреб и донесе 18 милиони за фудбалерот на Динамо

Галијани беше фотографиран синоќа во ресторан во престолнината на Хрватска, но италијанците пишуваат дека Јувентус не се откажува.

Изгледа дека се ближи крајот на сагата околу трансферот на Марко Пјаца и дека талентираниот фудбалер на Динамо ќе се пресели во Милан ова лето.

Пјаца прво ги одби понудите на Интер и Наполи со напомена дека сака во Милан или Јувентус.

Адријано Галијани беше фотографиран во еден ресторан во Загреб, а се претпоставува дека допатувал за да ги договорите деталите со Динамо, а според информациите од Италија, Милан ќе плати 18 милиони евра за фудбалерот на Динамо Загреб.

Талентираниот 21-годишен Пјаца веднаш би требало да добие место во Милан, а се очекува новиот тренер, Винченцо Монтела да го гради клубот околу него.