Гасол се враќа во Шпанија и ќе игра во втората лига!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Освојувачот на НБА-прстен со Торонто Репторс, Марк Гасол реши дека е време да се врати дома, па така следната сезона ќе игра во Жирона.

Гасол во претходната сезона настапуваше за Лос Анџелес Лејкерс, кој реши да го трејдува во текот на летото и да го врати во Мемфис Гризлис.

Шпанецот ја почна кариерата во Барселона, но вистинска шанса доби во Жирона, каде што напредуваше и за две години стигна до НБА-драфтот.

Тоа што е интересно е дека Жирона сега игра во втората лига во Шпанија, меѓутоа со ваков кошаркар може да се очекува враќањето во најсилната кошаркарска лига во Шпанија.