Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Талентираниот напаѓач од редовите на Спортинг Лисабон, Виктор Ѓекереш има извонредна година зад себе, затоа што веќе стигна до бројката од 58 погодоци во 2024 година.
Ѓекереш постигна дури четири голови во убедливата победа на Шведска против Азербејџан, а очигледно нема намера наскоро да запре.
Од почетокот на 2024 година, па сè до денес има одиграно вкупно 55 натпревари во сите конкуренции, а притоа постигнал 58 голови, но и 16 асистенции.
Во моментов за неговите услуги се заинтересирани многу екипи, но најголеми шанси му се даваат на Манчестер јунајтед, каде што се пресели неговиот поранешен тренер Рубен Аморим.