Германија и Полска го одиграа првиот меч на ЕВРО без голови


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Репрезентацијата на Германија и Полска ги поделија бодовите во меч без голови од 2 коло од групата Ц на ЕП во Франција.

Првото полувреме помина без поголеми шанси, а единствено вредно да се спомене беа двете солидни шанси за Германија и тоа во 5 минута кога Геце со глава проба преку голот и во 16 минута кога Тони Крос шутираше покрај голот.

Полјаците во првиот дел речиси да не дојдоа пред голот на кој стоеше Мануел Ноер, но затоа во продолжението на мечот беа далеку пооапасен противник.

Неколку добри шанси пред голот на Германија имаше Аркадиуз Милик, а првата ја препушти веќе во 46 минута кога топката помина покрај левата статива. Одма после тоа од другата страна се закани Марио Геце, но неговиот удар лесно го одбрани Фабиански.

Полјаците повторно вратија преку Милик, но полскиот фудбалер и овој пат шутираше покрај левата статива на германскиот гол.

Германците во 69 минута имаа шанса, но шутот на Озил го одбрани Фабиански. До крајот немаше поголеми шанси на двете страни, па навивачите во Париз останаа скратени за погодок и тоа прв пат на овогодинешното ЕВРО.