Гетлин со најдобро време во сезоната го предизвика Болт (ВИДЕО)

Американскиот спринтер, Џастин Гетлин, го постави најдоброто време во сезоната на 100 метри.

Тој победи на американските квалификации за Рио со време 9.80 секунди и го постави најдобриот резултат во сезоната во најпопуларната атлетска дисциплина.
Гатлин ја победи големата надеж на американскиот спорт Трајвон Бромел, додека билет за Олимписките игри обезбеди и Марвин Брејси.

Најверојатно во Рио ќе гледаме уште една голема борба помеѓу Гатлин и Болт, а сешто може да се случи со оглед на тоа дека Јамајканецот има големи проблеми со повредата.

Од друга страна пак Гатлин поминува низ најдобрите денови во кариерата.