Главоболки за Гвардиола по мечот против Аталанта: Кој ќе брани во дербито против Ливерпул?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола доби лоши вести по мечот против Аталанта во четврото коло од Лигата на шампиони, зашто остана без првиот голман Едерсон за мечот против Ливерпул, кој се игра викендов.

Едерсон заработи повреда во Италија, по што мораше да биде заменет од Клаудио Браво, кој не се прослави, па доби црвен картон по 15 минути на теренот. Сепак, најверојатно тој ќе биде прв избор за мечот против Ливерпул во Премиерлигата.

Гвардиола за англиските медиуми кажал дека Едерсон имал проблем со повреда, а во текот на денот ќе биде познато колку време ќе отсуствува од фудбалските терени.

Во секој случај, ова е голем проблем за „граѓаните“ пред дербито против Ливерпул, кое би можело да реши многу работи уште на стартот на сезоната.