Го грабна за гуша, сакаше да се тепа, а потоа забележа дека тоа е – Ериксен!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На фудбалските терени некогаш пресметките можат да бидат жестоки, а такво нешто се случи и во дуелот од 28. коло меѓу Норич и Брентфорд, кога Брендон Вилијамс беше подготвен да се тепа со противникот поради груб прекршок.

Двајцата фудбалери паднаа на теренот, а Вилијамс веднаш го грабна противникот за дрес, но потоа го промени расположението кога забележа дека пред него е Кристијан Ериксен.

Поранешниот фудбалер на Тотенхем едвај остана жив откако доживеа срцев удар на дуелот меѓу Данска и Финска, па никој не очекуваше да се врати на фудбалските терени.