Го критикуваа зашто го продаде Лукаку, па Солскјер веднаш им одговори!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер застана во одбрана на својата одлука да го продаде Ромелу Лукаку.

Јунајтед по седум кола во Премиерлигата се наоѓа на 11. место, а тренерот постојано е критикуван од навивачите.

Англиските медиуми пишуваат дека потегот да се продаде Ромелу Лукаку на Интер за 65 милиони евра бил погрешен.

Сепак, Норвежанецот вели дека не е тоа вистина, но признава дека му недостига уште еден напаѓач.

„Може да се каже така. Но, тоа беше моја одлука и ја донесов од чиста свест. Човек може да има многу талентирани фудбалери, но Лукаку не беше со нас во тимската работа. Не сакам премногу да зборувам за тоа. Го почитувам Ромелу, но неговото време во Манчестер заврши одамна“, порача Солскјер.