Го победи идолот – Зверев е новиот тенисер кој го шокира Федерер


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Германскиот тенисер, Александер Зверев го порази Роџер Федерер и се пласира во финалето на АТП турнирот во Хале.

Првиот сет беше решен во тај брејк. Таму беше подобар германскиот тенисер кој победи со 7:4.

Вториот сет Роџер играше нешто подобро и направи брејк во 12-тиот гем и сетот го доби со 7:5.

Во одлучувачкиот сет Зверев направи брејк во шестиот гем. До крајот на сетот успеа да го задржи својот сервис и да победи со 6:3.

Зверев во финалето ќе игра со подобриот од натпреварот Тим – Мајер.