Го сакаше Манчестер јунајтед, но тој ќе заврши во Челси!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Иако долго време се поврзуваше со трансфер во Манчестер јунајтед, сепак Кунде е на праг да потпише за Челси.

Овој 22-годишен француски фудбалер се поврзуваше со многу гиганти, но Фабрицио Романо тврди дека преговорите меѓу Челси и Севилја официјално почнале и дефанзивецот наскоро ќе потпише за актуелниот освојува на Лигата на шампиони.

Цената на Кунде се проценува на 60 милиони евра, колку што ќе треба Челси да ѝ плати на Севилја ако сака да го добие дефанзивецот.

Кунде одигра 63 меча за Севилја во Ла Лига и постигна три гола, а има еден трофеј во Лига Европа, додека играше и во Лигата на шампиони.