Го загубија дербито, но и борбата за титула: Ова е најголемиот скандал во историјата!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Борусија Дортмунд вчера го имаше првото место во Бундеслигата во еден момент при водство од 1-0, но шокантниот пораз од Шалке со 2-4 им ги намали шансите да го освојат трофејот.

Домаќините имаа водство од 1-0, а потоа загубија со 2-4, а притоа го завршија мечот со двајца фудбалери помалку по исклучувањата на Марко Ројс и Мариус Волф.

„Натпреварот требаше да заврши поинаку, добро почнавме, но пеналот нè уништи. Тоа е смешно. Лицата кои го измислија правилото повеќе не можат да се погледнат во очи. Ова е најголемиот скандал за мене во историјата на фудбалот“, вели тренерот на Дортмунд, Лусијан Фавр.

Баерн гостува кај отпишаниот Нирнберг, па доколку победат, тие би имале четири бода повеќе од Дортмунд на три кола до крајот на германскиот шампионат.