Гоце Седлоски го напушти Шкупи! (Фото)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Поранешниот македонски репрезентативец Гоце Седлоски реши да го напушти кормилото на актуелниот шампион во Првата лига, Шкупи по новото реми против Победа (1-1).

Шкупи не успеа да слави против прилепскиот прволигаш на домашен терен, по што Седлоски поднел оставка, а клубот реши да ја прифати.

„Му благодариме за работата и придонесот Шкупи да ја освои титулата по пауза од 21 година“, се вели во соопштението на клубот.

Седлоски пристигна во тимот минатата пролет, а му помогна на Шкупи да стигне до титула во Првата лига, но сепак не се прослави во европските натпреварувања, каде што запиша една победа, едно реми и шест порази.