Гоф по победата во Ријад: Не знам што да правам со толку пари!

Третата тенисерка во светот, Коко Гоф славеше против Кинвен Џенг од Кина во финалето на завршниот турнир во Ријад, Саудиска Арабија.

Гоф славеше со пресврт, односно 3-6, 6-4 и 7-6 за да ја крене титулата во Ријад, но и да добие награда од неверојатни 4,8 милиони долари.

„Навистина не знаев дека ќе освојам толку многу пари. Многу ми значи ова. Си купив куќа, а следната недела ќе одам на музички фестивал. Искрено не знам што да правам со толку пари“, кажа Гоф.