Ѓоковиќ бара промени во тенисот: Бев и самиот во таква ситуација…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ зборуваше за распределбата на средствата во тенисот и побара помош за тенисерите кои имаат полош ранкинг.

Ѓоковиќ смета дека треба да се пронајде модел според кој сите тенисери ќе добиваат помош за да може да постигнат напредок во кариерата.

„Бев и самиот во позиција на играч кој се бори да го добие своето место и добро знам каква е таа борба. Знам колкави се проблемите со трошоците за патувања на турнири, тешко е ако немате поддршка од федерацијата. Буџетите за плаќање физиотерапевти и тренери се мали. Тенисери кои се во топ 500 имаат проблем да си дозволат тренер, да не зборуваме за поголем тим“, вели Ѓоковиќ.