Ѓоковиќ денеска го губи првото место на АТП-листата?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз ќе се соочи против Алекс Де Минор и ќе се бори за титулата во Квинс, која може да го врати на првото место на АТП-листата.

Алкараз славеше против Лехечка, Димитров и Корда со што си закажа финале на турнирот кој може да му донесе 500 бодови, доколку го освои.

Причина за победа не е само освојување на уште една титула, туку и враќање на тронот, а тоа ќе го дознаеме од епилогот на мечот кој се игра од 14.30 часот.

Овие двајца тенисери досега еднаш се соочија во минатото, и тоа во Барселона минатата година, каде што Алкараз славеше со 2-1 во сетови.