Ѓоковиќ добил необична порака од Де Минор


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ се пласира во полуфинале на турнирот во Монте Карло и се наоѓа чекор поблиску до трофејот.

Србинот вчера го совлада Алекс Де Минор во натпревар кој не беше многу атрактивен за публиката.

„Добив необична порака од Де Минор на мрежа. И самиот кажа дека ова е навистина грд меч за око, се согласувам со него. Тоа посебно важи за вториот сет каде што имаше грешки од моја и негова страна. Напорен меч за играње и гледање“, кажа Ѓоковиќ.