Ѓоковиќ донираше милион евра како помош за Србија


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена покажаа големо срце. Тие двајца решија да ѝ помогнат на Србија така што ќе донираат милион евра.

Парите се донирани за борба против коронавирусот, кој ја погоди и Србија, а ќе бидат искористени за купување респиратори и медицинска опрема.

„Голема благодарност, голем поздрав до сите медицински работници кои со месеци се борат ширум светот, посебно во Србија и се трудат да им помогнат на луѓето кои се заразени со Ковид-19. За жал, бројот на луѓе кои се болни расте и поради тоа решивме да донираме средства за помош на здравствениот систем“, кажа Ѓоковиќ.

Ова не е прва помош за нашиот сосед, зашто вчера истото го направи и Ана Ивановиќ, а претходно донираше и Дејан Станковиќ.