Ѓоковиќ дозна против кого ќе игра на турнирот во Израел


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе настапи на турнирот во Тел Авив, а денеска на ждрепката ги дозна и можните противници во Израел.

Ѓоковиќ ќе биде слободен во првото коло, по што ќе се соочи со победникот од мечот меѓуѕ Тиаго Монтеиро и Пабло Андухар.

Потоа српскиот тенисер би можел да се соочи против Талун од Холандија, а ако се случи тоа, тогаш Ѓоковиќ го очекува Диего Шварцман или Аслан Карацев во полуфиналето.

Србинот конечно ќе настапи на турнир, откако правеше пауза поради тоа што не доби дозвола за настап на американската турнеја бидејќи не е вакциниран.