Ѓоковиќ е најголем губитник во Австралија без разлика кој ќе слави во финале!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Данил Медведев ќе се бори против Рафаел Надал во финалето на Австралијан опен и ќе се обиде да ја освои втората титула на гренслем-турнирите, но и да го преземе првото место на АТП-листата од Новак Ѓоковиќ.

Медведев во полуфинале славеше против Циципас со 3-1, а со ист резултат победи и Надал против Беретини, па ова ќе биде нивни петти меѓусебен дуел, додека досега поуспешен беше Шпанецот со три победи.

На Ѓоковиќ не му одговара ниту еден од двајцата тенисери да победи во финалето во Мелбурн затоа што ќе загуби во секој случај. Доколку титулата ја освои Шпанецот, тогаш тој ќе стане најтрофеен по број на гренслем-трофеи.

Не одговара ниту втората опција, односно победа на Медведев, затоа што Русинот ќе го преземе врвот на АТП-листата од Србинот.