Ѓоковиќ е вистински херој: На дете му се случи, а потегот на Србинот ја освои публиката (Видео)

Сцената од тренингот на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ стана главна тема на социјалните мрежи.

Ѓоковиќ имаше отворен тренинг со Карен Хачанов пред стартот на Ролан Гарос и трибините беа исполнети до последно место.

Поради силното сонце на едно дете му се слоши, а Ѓоковиќ го забележа тоа и веднаш тргна да помогне.