Ѓоковиќ ги изненади сите: Наеднаш почна да се удира себеси… ?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ со многу мака се пласираше во полуфиналето на Ролан Гарос, а мечот против Карено Буста го одбележаа проблеми со повреда.

Ѓоковиќ се мачеше повеќе од што треба, но на крајот се избори за полуфинале и се наоѓа блиску до трофејот на гренслем-турнирот.

„Не се чувствував добро, неколку работи, не само вратот, но не сакам детално да се жалам. Тој беше подобар во тој сет, создаваше удари, јас не се чувствував добро час иполовина и се казнував себеси. Не му препорачувам на никого да го прави тоа, но ете по 15 години кариера тоа ми се случи и мене“, вели Ѓоковиќ.