Ѓоковиќ го мина Сампрас, па тргна во „лов“ на Надал: Србинот брка два важни рекорди!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денеска ја почна неговата 287 недела на врвот на АТП-листата, па така официјално го мина легендарниот Пит Сампрас.

Пред српскиот тенисер се наоѓа само Роџер Федерер со 310 недели на врвот, а доколку Ѓоковиќ продолжи да игра во добар ритам, наскоро би требало да го премине, односно тоа би можело најрано да се случи во март.

Исто така, Ѓоковиќ денеска брка уште еден рекорд. Тој и Рафаел Надал имаат по 35 трофеи на Мастерс турнирите, а доколку го освои овој во Рим, Србиот ќе избие на првото место.

Без пресметаните поени од Рим, Ѓоковиќ во моментов има 10.860 бодови на АТП-листата, а по него следи Надал со 9.850.