Ѓоковиќ го освои трофејот во Астана и повтори успех на Федерер од пред 12 години!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денеска славеше против Стефанос Циципас со 2-0 во сетови, односно 6-3 и 6-4, па така израмни рекорд на легендарниот Роџер Федерер од 2010 година.

Ѓоковиќ го освои вториот трофеј во само седум дена, откако минатата недела беше најдобар во Тел Авив и додаде уште еден пехар во колекцијата.

Србинот на таков начин освои по еден турнир во секоја категорија сезонава, односно славеше на Вимблдон, па на мастерсот во Рим, па во категорија 500 во Астана и во категорија 250 во Тел Авив.

Треба да се спомене дека Србинот успеа да го освои и 90. трофеј во кариерата, па сега само два повеќе од него има Рафаел Надал, додека Федерер е рекордер со над 100 титули.