Ѓоковиќ го потврди настапот во Австралија: Среќен сум!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Австралиските власти ја укинаа суспензијата за српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и тој ќе може да настапи на Австралијан опен следната година, откако на почетокот на оваа година беше депортиран и преживеа вистинска драма.

Србинот, по пласманот во финале на завршниот турнир во Торино, кажа дека е среќен што се враќа во Мелбурн.

„Многу сум среќен откако ја добив веста. Тоа е олеснување по цела драма која ја доживеав во Австралија. Знам како да ги организирам подготовките, сега сè е јасно, тргнат е притисокот од мене и мојот тим. Австралијан опен е мој најуспешен гренслем-турнир, таму имам убави спомени“, кажа Ѓоковиќ.