Ѓоковиќ израмни уште еден рекорд на Федерер

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во четири сета го елиминира Андреј Рубљов за пласман во полуфинале на Вимблдон.

Ѓоковиќ го чека меч против Јаник Синер, а со пласманот во полуфинале израмни рекорд на легендарниот швајцарски тенисер Роџер Федерер.

Полуфиналето на Вимблдон е вкупно 46. за Ѓоковиќ на гренслем-турнирите и така го израмни рекордот на Федерер.

За Ѓоковиќ и Федерер следи Надал со 38 полуфиналиња, а потоа следат Џими Конорс со 31 и Иван Лендл со 28.