Ѓоковиќ ја почна 380. недела на врвот, но му се „тресе“ тронот?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ја почна 380. недела на врвот на АТП-листата и има 7.160 бодови на првото место, по што следи Карлос Алкараз со 6.780 бодови и Стефанос Циицпас со 5.805 бода.

Алкараз се пласира во осминафинале на Индијан Велс и се заканува да го урне Србинот од врвот на АТП-листата, додека Циципас ќе загуби 35 поени в понеделник.

Доколку шпанскиот тенисер слави во Калифорнија, ќе се врати на тронот на АТП-листата и така ќе го урне Србинот кој нема да игра на турнејата во САД.