Ѓоковиќ ја „стопи“ разликата зад Синер, Алкараз им дише во врат


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Јаник Синер не ја одбрани титулата во Монтреал, односно загуби во почетната фаза од турнирот и поради тоа остана без 800 бодови на АТП-листата.

Италијанецот има 8.770 бодови на првата позиција, додека зад него е Новак Ѓоковиќ со 310 бода помалку, додека во игра за врвот е и Карлос Алкараз со 7.950 поени.

Ѓоковиќ веќе се откажа од Синсинати и поради тоа ќе загуби 1.000 поени, а до крајот на сезоната ќе треба да одбрани дополнителни 5.300 бодови, додека слична е ситуацијата и на Синер.