Ѓоковиќ ќе ги пропушти турнирите во Мајами и Индијан Велс


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ се повлече од турнирите во Мајами и Индијан Велс, откако властите не му дадоа специјална дозвола за влез во САД.

Сенаторот од Флорида, Рик Скот објави на Твитер дека Министерството за безбедност го одбило барањето на Ѓоковиќ да му се дозволи влез во земјата, иако не е вакциниран.

САД не им дозволува на странските државјани кои не се вакцинирани да влезат во земјата, а тоа значи дека Ѓоковиќ и оваа година ќе ги пропушти Мастерс-турнирите.

Во петокот, сенаторите побараа од претседателот Џо Бајден да му дозволи на Ѓоковиќ да влезе во САД, но ниту тоа не му помогна на Србинот.