Ѓоковиќ ќе остане без вистинско богатство зашто губи моќен спонзор


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ е главна тема на светските медиуми во претходните две недели, а неговата борба да заигра на Австралијан опен заврши со депортација од државата.

Српскиот тенисер изгуби на Суд откако судиите едногласно донесоа одлука Ѓоковиќ да биде депортиран, меѓутоа тоа нема да биде крајот на проблемите за играчот.

Прв кој се јави е францускиот произведувач на спортска опрема „Лакоста“, кој има намера да го истражи целиот случај.

„Ќе го контактираме Ѓоковиќ за да ги разгледаме настаните кои се случуваа во Австралија“, соопштија Французите.

Не се исклучува можноста да биде прекината нивната соработка пред време, иако имаат договор до 2022 година.

Ѓоковиќ и спонзорот во 2017 година потпишаа петгодишен договор вреден 8,2 милиони евра по сезона.