Ѓоковиќ ќе остане без врвот во АТП ако не стигне до финале на Ролан Гарос


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ја почна 425. недела на врвот на АТП-листата, а таму ќе остане најмалку до Ролан Гарос.

Ѓоковиќ ќе биде прв до 9 јуни, а промената би можела да се случи дури на 10 јуни кога ќе заврши турнирот.

Србинот има 1.090 бодови повеќе од Јаник Синер, но во Париз брани дури 2.000 бодови, а Синер само 45 поени.

Ова значи дека Синер може и да не настапи на Ролан Гарос и да биде прв доколку Ѓоковиќ не стигне до финалето.